Се повеќе спортисти „заглавени“ во Дубаи и Абу Даби, меѓу нив и Јасикевичиус, Медведев, …
2026-03-01 - 19:37
Кошаркарскиот клуб Фенербахче со соопштение се обрати до јавноста дека нивниот тренер Шарунас Јасикевичиус, играчот Армандо Бејко, физиотерапевтот Капеља Буза и спортскиот директор Угур Озан Шулак се „заглавени“ во Обединетите Арапаски Емирати. Причината е познато затворањето на аеродромите во Дубаи и Абу Даби, што спречило нивно враќање во Истанбул. Дел од спортистите пред сè кошаркарите ја користеа паузата во националните првенства поради натпреварите на репрезентациите, а некои како тенисерите останаа во Дубаи откако беа учесници на завршницата на АТП турнирот (Данил Медведев, Мате Павиќ). Причината е позната воената состојба на Блискиот исток. Таму се наоѓаат и тројца играчи на КК Партизан, а во зоната каде нема летови се наоѓаат и дел од играчите на израелските екипи Хапоел Тел Авив и Макаби. Некои од натпреварите се одложени, додека од АБА лигата соопштија дека во тешките моменти се целосно екипата на Дубаи, која се натпреварува во оваа лига.