TheNorthmacedoniaTime

Арагчи: Ликвидацијата на новинари е кршење на меѓународното право

2026-03-29 - 09:14

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, го осуди убиството на тројца новинари во Либан од страна на Израел во саботата, пренесува „Гардијан“. На својот канал на Tелеграм, тој изјави дека убиствата се „таргетирана ликвидација“ и тоа е „очигледно кршење на меѓународното право“. Арагчи додаде дека тоа е обид за замолчување на „гласовите на оние што ја кажуваат вистината“. Али Шоеиб, новинар од телевизијата Ал-Манар, како и Фатима Фтоуни и нејзиниот брат и снимател Мохамед Фтоуни, од каналот Ал-Мајаден, вчера беа убиени во израелски воздушен напад насочен кон нивниот автомобил. Израел кратко потоа ја презеде одговорноста за нападот, тврдејќи дека целта бил Шоеиб, кого го обвини за „терорист“ поврзан со Хезболах. Немаше коментар за убиството на Фатима и Мохамед Фтоуни. Израел, кој според Репортери без граници има убиено повеќе од 220 новинари од 2023 година, често тврди дека новинарите што ги таргетира се поврзани со вооружени групи (како Хамас), без да приложи докази. Меѓународното хуманитарно право треба да ги заштити цивилните новинари за време на вооружени конфликти, а Израел е обвинуван дека јасно го прекршува тоа право, со практично неказнивост.

Share this post: