Израелски товарен авион летал од Тел Авив до Белград и назад: Испорачува ли Србија муниција за Израел?
2026-03-08 - 19:58
Израелски товарен авион „Боинг 747-412F“ (лет LOY732, рег. 4X-ICK) управуван од „Челенџ ерлајнс IL“, извршил лет од Тел Авив до Белград и назад, што означува можна нова пратка на српска муниција во Израел за време на израелско-иранската војна. Истиот тип на авион, кој леташе по идентична рута претходно беше поврзан со потврдени пратки на српска муниција што одеа до воздухопловната база „Неватим“ во Бершеба, база која сега е недостапна поради тековните операции против Иран.
Share this post: