Се монтираат камери за „Безбеден град“ во Велес
2026-03-27 - 10:23
Секторот за внатрешни работи Велес деновиве поставува камери на главните улици на Велес. Се врши монтажа на каблите, металните сандачиња, столбовите и камерите. Според првичните информации на СВР Велес, стартот на „Безбеден град“ во Велес се најавува кон крајот на јули годинава. „Приоритетот за поставување на камерите се одредува според прецизни критериуми за безбедност. Фокусот ќе биде ставен на главните сообраќајни артерии каде е регистрирана поголема фреквенција на возила и пешаци, клучните крстосници каде што често се случуваат сообраќајни прекршоци, со цел зголемување на општата безбедност“, информираа од СВР Велес. Оттаму појаснуваат дека бројот на локации ќе биде соодветен на потребите, со цел да се покријат т.н. „црни точки“ каде статистички се случуваат најмногу сообраќајки. Точниот број и специфичните локации ќе бидат дефинирани по завршување на техничкото планирање, но целта е целосна и ефикасна покриеност на критичните зони. Досега, по пробниот период, системот „Безбеден град“ од 1 февруари 2026 година почна да функционира во Скопје, Куманово и Тетово, како и на Коридорите 8 и 10, со што стартуваше и санкционирање на возачите кои направиле прекршок „фатен“ од камерите. Во првата фаза, системот регистрира четири типови сообраќајни прекршоци – непрописно паркирање, управување со брзина поголема од пропишаната, минување на црвено светло, како и возење со истечена сообраќајна дозвола