Хезболах извршил напади врз израелска база
2026-03-06 - 07:17
Хезболах соопшти дека извршил ракетен напад врз базата Нафтали западно од езерото Тиверија, во северен Израел. Во соопштението, групата го опишува нападот како одговор на израелските напади врз либанските градови и места, вклучувајќи ги и јужните предградија на Бејрут. Во посебно соопштение, Хезболах наведува дека целт на нивен напад била и група израелски армиски возила на локација во градот Маркаба во јужен Либан.
Share this post: