TheNorthmacedoniaTime

Министерството за правда на САД истражува дали Иран ја користел крипто-берзата „Бајненс“

2026-03-11 - 12:48

Министерството за правда на САД разгледува дали Иран ја користел големата криптовалутна берза „Бајненс“, за да ги заобиколи санкциите, објави „Вол стрит журнал“, повикувајќи се на документи и лица запознаени со случајот, а пренесува „Тајмс оф Израел“. Во извештајот се наведува дека не е јасно дали самата платформа е предмет на истрагата или истрагата е насочена кон корисниците на „Бајненс“. Ова не е првпат „Бајненс“ да се соочи со закони кои забрануваат финансирање на терористички групи. Минатиот ноември биле означени повеќе од 1,7 милијарди долари кои се движеле „од кинески клиенти кон дигитални паричници користени од Иран за финансирање на неговите сојузници“, меѓу кои и јеменската терористичка група Хути. „Бајненс“ го распуштил тимот кој ја истражувал таа парична трансакција. Во 2023 година, основачот на „Бајненс“, Чангпенг Жао се изјасни за виновен во САД за прекршување на законите за перење пари. Минатата година американскиот претседател Доналд Трамп го помилува.

Share this post: