TheNorthmacedoniaTime

Наскоро доаѓа продолжен викенд

2026-02-04 - 08:49

Следен неработен ден за сите граѓани во Република Македонија е 20 март – Рамазан Бајрам кога воедно е и продолжен викенд. Во продолжение е целосниот календар на неработни денови за 2026 година, за да можете навреме да ги испланирате вашите патувања и одмори. За сите граѓани на РСМ Оваа година нè очекуваат дури 7 продолжени викенди за сите граѓани: 1 јануари (четврток) – Нова Година 7 јануари (среда) – Божиќ, првиот ден на Божиќ 20 март (петок) – Рамазан Бајрам (Продолжен викенд) 13 април (понеделник) – Велигден, вториот ден на Велигден (Продолжен викенд) 1 мај (петок) – Ден на трудот (Продолжен викенд) 25 мај (понеделник) – Св. Кирил и Методиј (бидејќи 24 мај е во недела) (Продолжен викенд) 3 август (понеделник) – Ден на Републиката (бидејќи 2 август е во недела) (Продолжен викенд) 8 септември (вторник) – Ден на независноста 12 октомври (понеделник) – Ден на народното востание (бидејќи 11 октомври е во недела) (Продолжен викенд) 23 октомври (петок) – Ден на македонската револуционерна борба (Продолжен викенд) 8 декември (вторник) – Св. Климент Охридски За граѓаните од православна вероисповед Покрај државните празници, православните верници имаат дополнителни неработни денови кои исто така формираат продолжени викенди: 19 јануари (понеделник) – Богојавление (Водици) (Продолжен викенд) 10 април (петок) – Велики Петок (пред Велигден) 29 мај (петок) – Духовден (петок пред Духовден) (Продолжен викенд) 28 август (петок) – Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) (Продолжен викенд) За граѓаните од муслиманска вероисповед 27 мај (среда) – Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам За граѓаните од католичка вероисповед 6 април (понеделник) – Велигден, вториот ден на Велигден 1 ноември (недела) – Празникот на сите светци 25 декември (петок) – Божиќ, првиот ден на Божиќ

Share this post: