МВР со детали: Маскирано лице запалило „ренџ ровер“ во Шуто Оризари
2026-03-17 - 13:13
Во Секторот за внатрешни работи – Скопје, денеска во 3:50 часот било пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари било опожарено патничко возило „ренџ ровер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 37-годишното лице со иницијали Ф.О. од овој град. Според пријавеното, сопствениците на безбедносните камери забележале едно маскирано лице, кое истурило течност на возилото, по што веднаш се запалило возилото. Повредени лица нема, а пожарот е изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита – Скопје, информираа попладнево од Министерството за внатрешни работи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Дел од медиумите објавија дека станува збор за возило на сопругата на градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш.