TheNorthmacedoniaTime

Автомобил излета од пат во тетовско: Повредени возачот и малолетничка

2026-02-12 - 11:19

На 11.02.2026 во 19:50 часот во СВР Тетово е пријавено дека на локалниот пат Тетово-с.Требош, тетовско, патничко возило „форд фокус“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Е.М.(63) од с.Озормиште, општина Желино, излетало надвор од коловозот. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, додека со телесни повреди се здобила 17-годишна сопатничка, констатирани во Клиничката болница Тетово, информира МВР. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово.

Share this post: