TheNorthmacedoniaTime

Иран изврши нови напади врз земји од Персискиот Залив

2026-03-07 - 17:37

Силни експлозии се слушнале денеска во Манама, главниот град на Бахреин, во услови на продолжени ирански напади врз соседни арапски земји од Персискиот Залив, како одговор на израелско-американската офанзива, пренесе МИА. Медиумите известуваат дека во градот се слушнале најмалку пет експлозии. Во меѓувреме, Обединетите Арапски Емирати соопштија дека се соочуваат со нов бран напади со дронови и ракети од страна на Иран. „Противвоздушната одбрана на Обединетите Арапски Емирати во моментов реагира на заканите од ракети и беспилотни летала кои доаѓаат од Иран“, соопшти Министерството за одбрана на ОАЕ на платформата „Икс“, додавајќи дека силниот татнеж што се слуша на повеќе места е резултат на пресретнување на ракетите и дроновите. Официјален претставник на ОАЕ изјави дека земјата бара иранските напади врз државите од Заливот кои не се вклучени во конфликтот веднаш да престанат. Секоја ескалација е загрижувачка. Сакаме да ја ограничиме војната. Не сакаме нејзино проширување. Иранците треба да разберат дека не си помагаат напаѓајќи соседни земји и треба да престанат со тоа“, изјави претставникот. Експлозии се слушнале и во Доха, главниот град на Катар, каде во центарот на градот биле активирани сирени за воздушна тревога, изјавија новинари на Франс прес на терен, пренесува Франс24.

Share this post: