TheNorthmacedoniaTime

Се зголемува бројот на граѓани кои се обратиле за помош по ситуацијата на Блискиот Исток

2026-03-01 - 10:17

Се зголемува бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја. Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека со сите нив се одржува постојан контакт и се преземаат подготвителни активности за евентуална асистенција и нивна безбедна евакуација. Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, преку дежурниот телефонски број и преку дипломатско-конзуларните претставништва, и понатаму останува целосно на располагање на граѓаните. Уште еднаш ги повикуваме сите наши државјани кои се наоѓаат во земјите од регионот доследно да ги почитуваат упатствата и насоките на локалните надлежни безбедносни органи, велат од Министерството. Поради ситуацијата на Блискиот Исток, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија вчера беше формиран кризен штаб кој е на 24 часовно располагање на граѓаните за сите информации. За дополнителни информации и помош, на располагање се: СОС дежурен телефон (МНРНТ): 075/273-732 Амбасада на Република Македонија во Доха Тел: +974 50 173 111 Амбасада на Република Македонија во Абу Даби Тел: +971 56 441 7532 Амбасада на Република Македонија во Тел Авив Тел: +972 54 500 8566 Тел: +972 54 967 0546.

Share this post: