TheNorthmacedoniaTime

Адвокатот на пејачот: Кајмаковски го врзале со селотејп и му се заканиле со пиштол

2026-03-04 - 18:36

Јавноста е во шок по новите детали што излегоа на виделина за киднапирањето на македонскиот поп-пејач Даниел Кајмакоски, кое минатиот месец се случило во Белград. Неговиот адвокат и близок пријател, Бранислав Станишиќ, откри дека напаѓачите го врзале со селотејп и под закана со пиштол и нож го принудиле да влезе во возило кое потоа се упатило кон Рума. Драмата достигнала кулминација во близина на Бетон Хала, кога полицијата се обидела да го сопре автомобилот за рутинска контрола, по што следувала брканица низ градските улици. Во услови на густа магла, возилото излетало од патот. Киднаперите избегале, оставајќи го пејачот врзан и повреден во оштетениот автомобил. Полицијата го пронашла Кајмакоски на задното седиште и веднаш му била укажана помош. Истрагата е во тек, а потрагата по осомничените продолжува.

Share this post: