TheNorthmacedoniaTime

Македонија се уште со најефтин дизел во регионот

2026-03-10 - 09:08

Војната во Блискиот Исток и блокадата на Ормутскиот теснец очекувано донесе зголемување на нафтените деривати во повеќето земји во регионот. Од пресметките што ги направи „Република“ , Македонија се уште има најефтини дизел споредено со земјите во опкружувањето и Европа. Со денешните цени, во Македонија литар дизел се продава за 85 денари, додека во соседна Србија е 203 динари, односно 106,4 денари. Во Хрватска литар дизел чини 95,4 денари, во Словенија 89,8. Во Црна Гора дури 91 денари, Унгарија 97, Косово 1,55 евра. Кај јужниот сосед литар дизел чини 94 денари, додека во Албанија 1.8 Податоците се базирани на најново јавно објавени вредности достапни денес, 10 март 2026: за Словенија, Хрватска и Грција – неделниот Oil Bulletin на ЕУ, објавен на 5 март 2026, со цени за 2 март 2026; за Србија – државно соопштение и цена од 203 RSD/л што важи до 13 март 2026; за Косово – официјален опсег на малопродажни цени 1.39–1.55 €/л, објавен од министерството; за Албанија – последно јавно објавена цена од 173 ALL/л, од ажурирање за 2 март 2026.

Share this post: