TheNorthmacedoniaTime

Во Белград одржана традиционалната „Охридска вечер“

2026-02-20 - 20:36

Вчеравечер во Белград, Србија се одржа традиционалната „Охридска вечер“, настан посветен на промоција на туристичките потенцијали на Охрид пред претставници на туристичкиот сектор од регионот. ‎Особена чест ми е што на оваа свеченост ми беше доделена специјална повелба од страна на Балканска алијанса на хотелски асоцијации (BAHA), како признание за гостопримството, соработката и придонесот во развојот на туризмот на Балканот, вели градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков. ‎„Охридската вечер“ е дел од промотивните активности на Општина Охрид во рамки на 47-то издание на Меѓународниот саем за туризам во Белград и важна можност за нови контакти и унапредување на туристичката соработка.

Share this post: