TheNorthmacedoniaTime

Два нови балкански риса снимени на Шар Планина

2026-03-17 - 11:45

Националниот парк Шар Планина е побогат за уште два риса. Од таму информираат дека на камерите при вршење на редовен мониторинг, се забележани две нови единки, со што бројот на рисови кои живеат на територијата на паркот од три се зголемува на пет. Од НП „Шар Планина“ велат дека новите рисови се забележани на дел од територијата кој припаѓа на Општина Врапчиште. „Двете единки се во добра здравствена состојба, што претставува показател за стабилизирање и закрепнување на популацијата на овој редок вид на Шар Планина. Благодарение на заложбите на тимот на ЈУ Национален Парк Шар Планина, бројот на дивите животни, а особено на рисот, е во пораст, што го потврдува позитивниот ефект од мерките за заштита на природата. Продолжуваме посветено да се залагаме за заштита на дивиот свет и унапредување на екосистемите на Шар Планина,“ посочуваат од Националниот парк.

Share this post: