TheNorthmacedoniaTime

Анимето „Sekiro: No Defeat“ го доби својот втор трејлер

2026-03-18 - 12:34

Анимето за играта Секиро од девелоперите Фромсофт, наречено Sekiro: No Defeat го доби свој втор трејлер. Иако е сè уште во изработка која се прави на стар начин со рачно цртање цртежи на фрејм по фрејм. Режисерот на анимето е Киничи Котсуна, којшто има работено на анимеата Naruto и One Punch Man, а студиото што ја прави аниме адаптацијата на култната игра Sekiro во Souls жанрот познато како „Кјузила“. Студио речиси непознато досега на западот. За анимето ќе бидат употребени истите гласовни актери за синхронизација од играта на јапонски јазик, а самиот режисер даде интервју во кое објаснува колку е голем фокусот на тоа анимето да биде верoдостојно на дејството и маркантите ликови од самата игра, кои играчите ги знаат доста добро и вториот трејлер беше пречекан со позитивни реакции. За играта Секиро имам пишувано најопширно и во претходен напис што може да го прочитате на следниот линк. и ја имам спомнувано со паралели со други слични игри и во следниве написи. Сепак се работи за игра која има неверојатно слеан чекор на напредување до степен на перфекција. Ликот ви е спремен за секоја следна ситуација благовремено, а до вас е дали ќе победите одреден главен и ќе прогресирате. Иако е генерално спаѓа во Souls жанрот -гејмерите ја издвојуваат како ремек дело од игра за себе-токму поради тоа што захтева поагресивен комбат -а борбите во самата игра се најдобри во дадениот жанр дека се базираат на дефлектирање и задавање удари на модел различен од повеќето Souls игри што нуди повеќе сатисфакција додека се игра. А самата игра е наменета да се преигрува со години (затоа и никогаш не доби втор дел што играчите го бараат со години) -со game+ опцијата повторно и повторно како вашата вештина расте. Токму поради тешкотијата на играта и одличната приказна -која е разгранувачка и со алтернативни краеви -гејмерите се запознаваат и ги памтат сите главни како што ги поминуваат во играта од кој најпознат е Геничиро што се појавува првично во играта. Токму за овој лик во првиот трејлер од анимето пред неколку месеци -фановите се побунија кога го видоа ликот и шпекулираа дека во анимираниот филм се прави со AI -тврдење кое испадна дека е невистинито -затоа што на ова аниме се работи навистина тотално со рачно цртање- парадоксално да се контрира на употребата на AI генератори за уметност. Ова е првиот трејлер за Sekiro: No Defeat : Што се однесува до внимателноста на изработката на анимето како што изјави режисерот Киничи Котсуна во неодамнешно интервју што може во целост да го прочитате тука на англиски јазик, тој генерално вели дека знае дека целото аниме играчите и фановите ќе го стават „под микроскоп“ и затоа се внимава да се внесе се како што е во играта преточено до најситни детали од играта во анимето. На пример на самиот крај од првиот трејлер Секиро убива Генерал кој е познат минибос во играта -кој се тепа на специфичен начин со тоа што се одбива со кик флип и му се скока над глава и се задаваат удари со меч одозгора, и во трејлерот -Секиро му задава последен удар од над глава. Но засега играчите препознаваат многу референци од самата игра и сите ликови и се задоволни како е се претставено. Единствено актуелно прашање е тоа што играта има три алтернативни различни краеви, но се претпоставува дека во анимето ќе фигурира крајот популарно наречен „The True Ending“, во играта бирате патека помеѓу доблесен крај -за кој што станува збор, Шура патека каде сте злобен и трет пат каде сте саможивен. Доблесниот крај доаѓа со голема цена – но нема да ви откриеме што точно се случува за да не се прават спојлери. Иако ова е важно прашање адресирано е дека ќе биде одбрана една патека без да се каже која, од самиот режисер, но можеби ќе се најде начин да се имплементираат сите три аспекти барем преку референци или „сон секвенци“, но колку што се гледа најважен завршеток е токму вистинската приказна каде највисоко котира веројатноста да се оди до крај со доблесниот крај. Што се однесува до музиката за играта, иако толку многу од самата игра е адаптирано нема да се користи SoundTrack-от од играта, туку е направено сосема нова музика која добро кореспондира со претходната атмосфера создадена во играта. Иако Секиро е таканаречена „постара игра“ (излезена е во 2019 година) таа до ден денешен не е симната од тронот како целокупно најдобра Souls игра и толку е играна и до ден денешен дека навистина претставува предизвик да се заврши целосно, а камо ли да се игра Game+ на сè потешко и потешко ниво и да се завршува повеќе пати од почеток до крај. -Што и сега е актуелна активност дека навистина претставува предизвик.Ова е оригиналниот трејлер за играта направена пред 7 години: Играта е многу полесна за играње на конзоли токму дека е наменета да се игра на Joystick бидејќи клучно захтева доста кружни движења околу главните што потешко се прави на компјутер со татстура и маус, дека со едно копче се прави важен чест потег наречен „Микури кантер“ додека на тастатура се прави со стискање три копчиња стиснати поселдователно во даден момент. Но секако може да користите и џојстик и на PC. Самата игра често на Steam е на промоции со 50% намаление, каде и е цената намалена на 30 евра од цената од 60 евра во тековна редовна продажба. Ако не сте ја играле -а сакате вистински тешка игра која е навистина перфекција во гејмингот и вреден предизвик Секиро и ден денес е вистинскиот избор над сите Souls видеоигри. Ова играчите го знаат ширум светот – честа појава е гејмери да ги имаат завршено сите популарни Souls игри, а да неможат да ја завршат Секиро. И затоа и реактуалзирањето на темата со ова аниме од аспект на сентиментална вредност им значи на голем број гејмери ширум светот и иако нема конкретен датум кога ќе излезе се исчекува со големо нетрпение и високи очекувања да биде навистина одлично и култно следно аниме.

Share this post: