Новонајавената игра „Star Wars Zero Company“ обединува три иновативни гејминг жанрови
2026-03-27 - 11:13
Најавата и описот на Star Wars Zero Company ја карактеризира оваа игра како слична тактичка игра со XCOM серијалот, додека истражувањето и одредени борби се во трето лице како во Mass Effect серијалот низ приказна на класична RPG игра во раскажувањето на приказната. Вашите придружници се изложени на опасноста да умрат засекогаш (Perma Death). Ова е целото видео што излезе околу играта во кое се нудат неколку инсерти и слики од играта, а девелоперите од студиото Bit Reactor детално објаснуваат што сè друго е имплементирано како иновации во оваа комбинација. Тоа што е најинтересно во целата игра е што се работи за соединување на три вида на игри. Тактичката Turn Based борба каде ликови кои ги контролирате се надополнуваат со повеќе способности е еден од најимерсивните стилови и вистински „заразен“ жанр на видео игри -затоа и добро функционира во имерсија на друштвени игри како Dungeons and Dragons -која секако оди рака под рака со Role Playing раскажување на приказна, плус додаден стил на трето лице перспектива за истражување присутна во толку многу светски наслови -перспектива што гејмерите најчесто и ја преферираат како најдобра -затоа е и толку сеприсутна особено во неодамнешни нови наслови во гејминг индустријата и воедно и во најпочитуваниот постар серијал на Star Wars игри насловен Star Wars: Knight’s Of the Old Republic I и SWKOTOR II кој е практично основа и за Star Wars: Zero Company. Што се однесува до ликовите -девелоперите од Bit Reactor одредиле сквод од четири ликови што ве придружуваат како лимит -просто затоа што од фидбекот што го имаат и искуството за правење игри како XCOM серијалот за кој може да прочитате на следниот линк, заклучиле дека камерата при поголем број на ликови мора да има поширока преспектива и да ги смали ликовите во видеокругот -затоа и одат со таканаречената формула на „Четири до Шест Придружници“. Придружниците можете да ги регрутирате преку приказната и интересно е покрај тоа што ако имате интеракции, разговори, давање подароци и зближување со нив што ги појачува статистика и за во борбите, -пријателството може да избледе и да деградира ако не сте активни кон нив. А додавањето Perma Death во играта, односно лик кој ќе го засакате како пријател, бранител и придржуник да умре засекогаш -од Bit Reactor велат дека е дел од начинот на раскажување и во претходни Star Wars содржини во повеќе медиуми-случај клучен лик да загине засекогаш-и отворено си кажуваат дека тоа е затоа што сакаат играчите и емотивно да се врзат со ликовите со кои играат. Покрај ликовите од главната приказна можете да одберете да регрутирате секакви ликови и не се задолжителни генерално предвидените што ги среќавате иако има да се бира од препознатливи класи и различни професии на ликови: џедај, шверцер, клон-војник, роботи и ловци на уцени, додадени се и снајпер и обичен војник -сместени во ерата на Clone Wars. Но на пример можете да изградите група од четири џедаи – како што на крајот од видеото погоре се спомнува дека ист тип на единици се опција во играта каде девелоперот од Bit Reactor кажува дека играта може да се игра со цел сквод ист тип на роботчиња слични на R2D2 од филмовите и целата франшиза под класата наречена „Astro-Droid”. Star Wars: Zero Company веќе е година дена во најава, но сега се реактуелизира со нови информации како што напредува изработката на играта, а ова е оригиналниот трејлер од првата најава на играта: Изгледа дека за жал наместо смислување сосема нови идеи -креативноста во сите уметности во последно време се базира на изнајдување пермутации и комбинации-кои не се направени претходно, наместо на вистинска оригиналност. Но секогаш има простор за нешто ново и не е „веќе сè измислено“. Тој фактор е присутен доста драстично во гејминг индустријата каде синергијата на комбинаториките од различни стилови на успешни игри и нивни механики -се применува и меша со децении во нови и нови наслови, секако оваа новонајавена Star Wars игра разработена на професионално ниво, наречена SW: Zero Company е темелна иновација во однос на многу елементи- што знаат да бидат инспиративни и во иднина за изработувачите на видео игри, особено за помладите гејмери ширум светот и локално што сакаат да се бават со правење видеоигри и им се доста важни длабоките анализи и историјати на видео игрите од кои учат детално што сè како можности веќе постојат и како тоа може сето тоа да се надгради и измени -во нивните процеси и проби да направат сосема нови видео игри. Особено сега кога индивидуалци, мали групи пријатели или инди (независни) студија успеваат финансиски и повеќе и од реномирани фирми за игри, но најдоброто во сето тоа е што изработувачите на видео игри навистина имаат вистинска љубов и посветеност кон игрите затоа што и самите се играчи. Star Wars: Zero Company нуди многу како „нов иден учебник“ за иновирање во оваа сфера, иако може да е прекомплицирана за драстично да го освои пазарот кога ќе излезе, сепак е навистина надежен наслов во најава.