TheNorthmacedoniaTime

„Мамутите“ на Тамара Котевска ја доби поддршката на Sundance Institute за 2026

2026-03-25 - 11:24

Најновиот документарен филм, на македонската режисерка Тамара Котевска е меѓу добитниците на Sandbox Fund на Sundance Institute за 2026 година. Sundance Institute преку Sandbox Fund поддржува иновативни документарни филмови на пресекот помеѓу науката и раскажувањето, селектирајќи ограничен број автори на глобално ниво. Во оваа силна конкуренција на автори и проекти поддршката од престижниот Sundance говори за квалитетот и на новиот документарен филм на Котевска – “The Mammoths that Escaped the Kingdom of Erlik Khan”, кој е во копродукција помеѓу Данска, Македонија, Обединетото Кралство и Португалија, каде се јавува како режисер и продуцент. Филмот ја следи приказната на млад одгледувач на ирваси од јакутската тундра, кој се соочува со избор помеѓу традиционалниот начин на живот и современите ловци на мамутски заби. Филмот се снима во екстремни услови во Сибир и ја истражува комплексната врска помеѓу традицијата и современите економски предизвици. Минатата година, Тамара Котевска се претстави во Венеција со два документарни филмови, при што проектот за „Мамутите“ беше селектиран на копродукцискиот маркет, а „Приказната за Силјан“ ја имаше европската премиера. Режисерското дуо Тамара Котевска и Љубомир Стефанов Котевска беа двојно номинирани за Оскар за документарниот филм “Медена земја”. Покрај Котевска, меѓу поддржаните автори на Sandbox Fund на Sundance Institute за 2026 година е и македонскиот режисер Љубомир Стефанов, што дополнително го потврдува силното присуство на македонските автори на меѓународната документарна сцена. Извршната директорка на Sandbox Films, Jessica Harrop, истакнува дека авторите поддржани преку овој фонд „создаваат исклучителни дела на пресекот помеѓу уметноста и науката“, нагласувајќи ја растечката потреба за вакви приказни во независниот филм.

Share this post: