Извршниот директор на „Take-Two Interactive“ вели дека е смешна и нереална идејата дека со ВИ може да се направи хит игра како ГТА 6
2026-03-23 - 11:53
Штраус Зелник, извршниот директор на компанијата за издавање на видеоигри Take-Two Interactive, познати по франшизите како GTA, Bioshock, Red Dead Redemption, Borderlands и NBA 2K, изјави дека според него не гледа на вештачката генеративна интелигенција како на закана во однос на креативноста во правењето видеоигри во гејминг индустријата. Зелник на подкастот „The Game Business“ вели дека е замислата да се генерира игра со AI со стискање едно копче што ќе биде со ист квалитет и успех на пазарот како што има GTA е смешна и не е реална. Според неговото мислење сепак гејминг индустријата генерално се ориентира околу игрите на големите фирми -но и од време на време мал број на инди девелопери успеваат. Со ова секако тој реферира на игрите како во случаите на PalWorld и Clair Obscure: Expedition 33-хит инди (скратен термин за Independent Game Developer -односно независни изработувачи на видеоигри) игра што освои титула игра на годината, но нагласува дека помеѓу инди девелоперите глобално успешните игри се сепак од добро финансирани студија. Мора да се нагласи дека генерално ова е дискутабилно дека токму спротивното се потврди по направени пробиви – дека и мало студио без многу финансии успева на гејминг пазарот на глобален план. Нешто што многу ги охрабри изработувачите на игри ширум светот. Но секако дека секој си ја тера водата во свој правец и треба да се види изворот, нормално дека Штраус Зелник ќе биде на страната на големите фирми -затоа што води една од нив. И нормално за него е да се обиде да си ја деградира конкуренцијата -односно инди девелоперите. Вистината е дека не сите изработувачи на успешни инди игри се добро финансирани, најмаркатен недодамнешен случај е случајот со Palworld. A од Македонија случајот со хит играта Tie Dye за кој може да прочитате овде. Друга негова константација е паралелата преку примерот што го дава со генерирањето песни и музика, тој вели иако AI може да генерира содржина која технички личи на готов производ тоа не значи дека има трајна вредност. И вели -цитирам: „Moжеби наликува на песна, ама никој не би ја слушал двапати.“ -и додаде дека таквата музика најчесто се праќа како честитка и толку и е улогата и слушаноста. Со ова секако Зелник алудира на општото тврдење околу AI, дека ако не стои зад оригиналното уметничко дело човечка емоција во случај на песна -е сосема различно од генерирање песна со AI, бидејќи тоа нема ни тежина ни позадина. Последователно во продолжение може да се спомне трвдењето на Ноам Чомски дека AI не е ни AI и треба да се престане така да се нарекува и дека всушност претставува само генеративна машина за правење плагијати. Додека Штраус Зелник вели дека на AI гледа само како алатка што не е ни добра ни лоша и дека може да предизвика губење на многу работни места, затоа што ќе замени доста мануелна работа преку автоматизација на рутински задачи и појачување на ефикасност општо во бизнис сферата.