Бред Пит пристигна на грчкиот остров Идра за снимањето на новиот филм The Riders
2026-02-22 - 14:35
Популарниот американски актер Бред Пит се наоѓа на грчкиот остров Идра за снимањето на неговиот нов филм The Riders, а според медиумите во Грција, се очекува да остане една седмица, јави дописничката на МИА од Атина. Идра е дел од групата Саронски Острови, кои се во близина на Атина, а Пит пристигнал со брод од грчката метропола во придружба на својата партнерка Инес де Рамон и пеш се упатил до вилата во која е сместен, со оглед на тоа што на островот се забранети автомобили. Островот, како што пишуваат медиумите во Грција, е под силни безбедносни мерки, а снимањето почнало утрово на отворено. Според информациите, се очекува во текот на викендот на островот да пристигне амбасадорката на САД во Грција, Кимберли Гилфојл, и да се сретне со американскиот актер. МИА