Ремастерираните верзии на Tomb Raider игрите се здобија со негативни реакции по новото козметичко ажурирање
2026-03-19 - 09:33
Ремастерираните верзии на првите три Tomb Raider игри добија ново ажурирање што донесе гротескни скинови за ликот на Лара Крофт што потсетуваат на иронично кажано „хорифични Фортнајт скинови“ што немаат врска со концептот на играта или позадината на главниот лик Лара Крофт. Појава што предизвика многу негативни коментари и започна ланец од монтажи на оваа тема на Јутјуб за тоа како се упропастени игрите и со дополнително генерирање на AI содржини и појава на тотално губење напредок во игрите од серијалот со неповратно исчезнување на „сејвови.“ Што се однесува до скиновите, реакциите на долгогодишните фанови гејмери и гејмерки на серијалот игри Tomb Raider изјавија дека се изненадени и од лоши AI генерирани содржини како додатоци и претпоставките се дека и за дизајнот за новите сетови скинови за Лара Крофт во првите три дела од Tomb Raider се токму AI генерирани и вметнати за брза заработка со предвидени идни плус микротрансакции. Џовани Лука еден од оригиналините девелопери на ремастерите изјави дека не работел на овој додаток воопшто и на социјалната мрежа „X“ постави едно од овие видеа монтажи од јутуб што се наменети како критика, со емотикон на „Кловн.“ Но повеќето девелопери што работеа на овие првични три ремастери изразија негодување и дека не биле ниту информирани за промените со пачот -каде под претпоставка дека се користело AI што иако не е потврдено е многу веројатно, особено затоа што за четвртиот, петтиот и шестиот дел од Tomb Raider серијалот на ремастери, уште на 25 септември лани имаше документиран случај каде со AI беа додадени цели реплики во дијалози и пореметувања на играта со нови багови -но главен проблем и тогаш беше губењето на Saved Games. Случај каде AI додатоците по реакциите на гејмерите беа тотално исфрлени од овие делови на игрите. Затоа и се претпоставува дека истото се повторува -особено затоа што овие нови скинови се рандомизирани мешаници од костими без трунка вкус или слеаност со било што поврзано директно со дражот на играта -напротив како да се правени од бегло разгледување на самата склопка обрасци што им го даваат дражот на Tomb Raider серијалот и додадени со фактор на бледа механичка тематска поврзаност -генерирани од AI и напикани во играта да се продаваат. Девелоперот Џовани Лука исто така ги нарече овие скинови „Моунструозни“ во смисла на тоа како ги “скрнават” оригиналните игри. Со новиот Challenge Mode за играта дојдоа 10 Outfits од кои дел се поставени со слики на „Редит“ од корисникот Drakon_Redfiend кој се побуни според него за неприфатливото ниско ниво на квалитет што е ново-понудено. Што се однесува до негативните коментари што се и околу појава за губење на Saved Games (сејвови) на Steam кај играчи што имаат и играно преку 200 часови во играта избришани со грешка во пачирањето без можност на нивно враќање. Така што препорачливо е не само за овoj серијал на игра туку за сите Single Player Игри кои имаат систем на Could Saved Games на Steam да се прави рачно бекап на сејвови, а најбезбедно е сејвовите да си ги пратите на сопствениот мејл во случај да се расипе компјутерот како потребна превентива. Обично овие фајлови зафаќаат малку простор, но се од големо значење за гејмерите. Ваков сличен проблем се случуваше и на платформата Uplay од Ubisoft особено за Assassin’s Creed серијалот целовремено -случај каде опцијата за правење бекап на сејвовите беше покомплицирана дека не се сочувуваа во фолдерите на самите игри -туку беа сместени на партицијата каде е инсталиран оперативниот систем и тешко се доаѓаше до тоа да се лоцираат во низа под-фолдери воопшто за да се ископираат во друг директориум, нешто што до ден денешен уште се прави со посебни упатства од нет за доаѓање до фајловите преку неочекувана патека на фолдери. Што се однесува до Assassin’s Creed(AC) игрите на Steam -ви се врзуваат со Uplay акаунтот и за одредени постари делови неодамнешен новитет е што ви се префрлаат достигнувањата ретроактивно и на Steam од Uplay штом првпат влезете преку Steam во дадена игра од AC серијалот, што е добар фактор, но не функционира од оригинална верзија кон ремастер верзија како во случајот на Assassin’s Creed III. Вакви компликации нема на Steam дека вообичаено лесно се наоѓаат сејвовите во Steam Maps фолдерот каде се сместени игрите и сејвовите. Дури и појава на Steam е при преинсталирање на игра -да се изгубат сите сејвови -дека се „прочистуваат“ Steam Cloud Saved Games за одредни игри повремено дека и Steam не располага со бесконечно простор за чување информации. Но да е до фактор на самите корисници исто така случај ова да се случи е и ако PC корисниците преинсталирале Steam Launcher повторно на друга партиција или друг хард диск на нивниот компјутер, а се лоадира првоинсталираниот Steam Launcher кој не ги препознава ниту компутира сејвовите. Иако достингувањата односно Ачивментите за сите игри стојат засекогаш на вашиот Steam профил, не сите игри имаат опција да содржат Achievements и Steam Support не реагира на повраток на податоци во смисла на враќање на сејвови, само добивате генерични автоматизирани пораки да ja рефреширате Could Saves опцијата, што најчесто не менува ништо. Горенаведеното вреди да се спомне -затоа што во спротивно може да ви случи ситуација да поминете долго време на Single Player видеоигра на Steam и одеднаш да не ви е снимен напредокот и ако ја играте повторно ќе мора да се игра од самиот почеток или по случување на такво нешто да не се игра воопшто-што често и тоа знае да биде случај. Играњето офлајн на игра кога немате интернет знае исто така да не го аптејтира клаудот и ако направите важен ачивмент а не сте на интернет, ќе мора да го повторите онлајн за да се тригира достигнувањето. Односно покрај иницијалната фрустрација да изгубите еден куп време за џабе, а воеднo и пари и ем да не ви се вреднува трудот во дадена игра или серијал игри како во случајов со ремастерите на раните верзии на Tomb Raider. Ако имате нејаснотии околу текстов, точно е дека во објасненијата во овој напис се наведени технички начини за решенија на проблемите што захтеваат малку повеќе од основна компјутерска писменост и воедно инволвираност во тоа како функционираат видео игрите на компјутер и системите и платформите за нивна поддршка, но нема друг начин да се понудат решенијата освен конкретно и директно „да се навлезе во техникалии и детали“ со понудените конкретни решенија на тековните проблеми. Сепак иако решенијата се наменети за повеќе за веќе упатените, тие се разбирливи и за неупатените ако се следат чекор по чекор како што се објаснети. Овие три фактори – ужасните сетови на скинови, AI генерирањето што ги испомеша структурите на игрите и губењето на напредокот со снемувањето сејвови во Tomb Raider раните ремастери, предизвикаа драстични реакции на разочарување и исфрустрираност и секакви коментари од гејмерите ширум светот. Но дали е се ова намерно или не- не е ни важно, дека се работи за франшиза на игри -со најпознатиот женски лик во гејмингот односно ликот на архелогот-авантуристка Лара Крофт, која е феминистички симбол на сите гејмерки и доста игран и сакан лик и од машката популација гејмери. И доста добро се знае дека и покрај сето ова Tomb Raider игрите ќе бидат повторно многу играни. Но овојпат гејмерите не замолчуваат на вакви обиди за брз „cash grab“ и упропастување на серијалот, што им значи многу на толку голем број луѓе сериозно инволвирани во гејмингот, а добар фактор е што во последните неколку години девелоперите и повеќето големи фирми за изработување видеоигри реагираат и ги модифицираат игрите не само според пазарот, туку и според барањата и фидбекот добиен од гејмерите.-Нешто што долго време не беше карактеристично за големите фирми. Но на тој начин и производителите (фирмите) и корисниците(играчите) во гејминг индустријата како две инволвирани страни истовремено „победуваат“.