Класата Warlock доаѓа симултано во три „Diablo“ игри
2026-02-13 - 15:49
Најновата класа Warlock (Ворлок, Вештер) доаѓа во Диабло серијалот, и тоа во Diablo 2 Resurrected, во Diablo Immortal играта за мобилни, и во најновата верзија Diablo 4. Овој аптејт што може да се игра веднаш во Диабло 2 ако се плаќа 25 долари и е наречен Reign of the Warlock, но ја остава опцијата самата игра да се игра каква што е пред апдејтот. Интересна референца во анимацијата е што Warlock е направен да наликува на естетиката на суперхеројот Doctor Strange од Марвел филмовите и стриповите. А верзиите на Warlock во трејлерот покажуваат и еволуција на неговите моќи што кореспондираат со последователни делови на игрите во серијалот Диабло. Што се однесува до моменталното ажурирање на играта Diablo 2 Resurrected, што е преработена графички но е истата игра сосе експанзијата Lord of Destruction има многу новитети кои драстично ги привлекуваат играчите што ги играат Diablo игрите. Warlock класата има три дрвја со таленти низ кои можете да прогресирате. Првото дрво со таленти и скилови е наречено Eldritch што ви дава моќ над летечки спектрални сечива и оружја со дополнителни телекинетички и мистични моќи, второто дрво таленти е наречено Demon што се заснова на Демонологија и телепатска контрола, моќи кои преку забранети книги класата Warlock може да повика три различни демони, а најважно е што може да ги пороби скоро сите демони со кои ќе се соочи да се борат на негова страна. Може да имате само еден врзан -контролиран демон кој ќе го свртите против други демони непријатели, но и опциите одат подлабоко, може да го експлодирате демонот како бомба и да добиете различни елементарни моќи и бафови. Кога сме кај моќите базирани на елементи презентирани во играта како гром или огин третото дрво таленти се вика Chaos и е наменето преку сигили и директен демиџ со кастање огнени магии да унишувате големи групи непријатели. Аптејтиран е и системот за чармови, проширен е инвентарот -додадени се кустумизации за средување на Loot (пленот) комбинирање на сетови и сосема нов тип на оружје во Диабло 2 -Книга. Што веќе ја има во Диабло 4. Додаден е и кодекс кој е наменет да бележи напредок кон собирање на секој можен ајтем во играта.Еве како изгледа гејмплејот во двојката достапен за купување и играње уште сега: Што се однесува до Диабло 4 покрај додавањето на класата Warlock и таму, се додава цел систем наречен Warplanes за Endgame содржините на играта. Каде може да си одредите 5 различни активности со бирање на босеви и евенти -за самите ајтеми оружја и оклопи што ги дропаат одредени босеви. Дури и нови комплицирани начини -што побрзо да се направи одреден билд што би бил најпрактичен според моменталната мета во играта. А новиот регион Сковос што доаѓа во играта за кој имаме пишувано кога излезе паладинот како класа во Diablo 4 за што може да прочитате на следниов линк.-целиот регион ќе биде преработен во голем аптејт заедно со експанзијата Lord of Hatred. Изгледа дека по примерот на Path of Exile каде на играчите им се допадна прекомплицираноста и таканаречениот „десицивен микроменаџмент“ во играта -таква комплексност е намерно применета за Диабло игрите сега, затоа што “пали од бизнис аспект”. Дури има големи промени и на дрвјата со таленти во Диабло 4 каде на пример со сопствени комбинации може да се менуваат скиловите -како пример беше дадено правењето на custom made Ice Hydra -скил што беше огнен скил под дефолт. Ако имавте проблеми да ги разбете изразите од гејмерскиот жаргон во овој текст- ви го препорачуваме читањето на следниот Водич за гејмерски термини во RPG игри -што ги објаснува сите застапени фрази и концепти- од збор до збор. Секако мора да се земе во предвид дека сето ова е имагинарно и се работи само за креативна фантазиска хорор RPG видеоигра што и е здравата перцепција за приод кон самата дадена тема. Играњето на ликот на Warlock / Вештер- е всушност херој кој иако има антихеројска естетика, но има крајна цел како и сите други класи на ликови од различни херои- да го победи „најглавниот главен“ самиот „Ѓавол“-во играта наречен „Диабло.“ Поради тоа што не се споменати промени за игрите Диабло 1 и Диабло 3, гејмерите сметаат дека ќе бидат вклучени во оваа промена, но дека тоа токму затоа сè уште не е најавено. Од Близард најавија дека поради 30 годишнината на Диабло серијалот ќе има уште позитивни изненадувања кои ќе ги воодушеват фановите за кои парафразирано рекоа “не знаат што ги чека”, a тие големи вести ќе бидат откриени на следниот Близкон настан најaвен да се одржи во Калифорнија и ќе се емитува во живо на интернет ширум светот на 12 и 13 Септември 2026 год.