TheNorthmacedoniaTime

Новата игра со пирати „Windrose“ со најпопуларната Демо верзија на Next Fest на Steam

2026-02-25 - 15:07

Играта со пирати која е сè уште е во изработка, Windrose од девелоперите Windrose Crew, има опширна Демо верзија што може бесплатно да се симне на Steam. Моментално е најсимнуваното демо на Steam, поради тоа што самата игра има повеќе привлечни фактори од разни видови на претходни игри. Искомбинирани во нова игра со дополнителни иновации во графичкиот и гејмплеј дизајнот и како и механиките за додатни детални „игри во игра.“(minigames). Има детален избор за креирање и кустумизација на ликот со кој играте што наликува на кустумизацијата од играта со преживување и градење Age of Conan- но со повеќе детали и подобра графика и покомични стрипски ликови, а плажите најчесто наликуваат на првата зона од играта Conan Unchained. Ликот на Конан од Роберт Хауард има и авантури како пират со надимакот Амра што значи Лав и не е ни чудо што има контекстуални сличности и гејминг и литерарни референци иако Windrose е сместена во друг „фантазиско-историски период“ каде има топови и пушки и кубури. Ако ви потоне бродот почнувате од почеток исфрлени на даден остров како во книгата Робинзон Крусо од Даниел Дефо каде во сржта на играта исто така се работи за игра со преживување каде може да градите цели имоти и самите собирате материјали за изградба и конструкција на вашиот пиратски брод.-дејство што го има да се искуси и во самото демо за играта Windrose. Битките се по малку и пародични што ги прави позабавни од обично, но и поинтересни дури и од најпознатата игра со пирати од Assassin’s Creed(AC) серијалот AC 4 со подналов Black Flag што сега фирмата Ubisoft ја обработуваат за најново ре-издание. Токму поради тоа што Windrose за разлика од Black Flag е хумористично и иронично склопена. Инаку борењето со главни во Windrose е исто како во Souls игрите -воопшто не е лесно и мора да блокирате и избегнувате удари -само спамање на копчето за напад со меч против главни резултира со ваш пораз. Но дури и обичните непријатели често се захтева да се блокираат особено тие со улога на минибос. Еве како изгледа борба со еден од главните Босеви: Тоа што ги прави овие Boss Fight ситуации полесни од Souls игрите, е што во Windrose е доволно да држите кренат гард целовремено за време на примање удари, додека во најчесто во Souls игрите треба да се погоди моментот на напад за дефлектирање удари за секое замавнување на босот. Така што има таква тешкотија во Windrose каде долго се борите против бос и полека го цепкате неговото здравје(Health bar) -но парирањето и блокирањето со меч е бајаги полесно, дека само држите копче или клик- по ваш избор, а не тајмирате даден краток момент за рефлексни реакции. Во играта собирате секакви видови на материјали со кои може да градите било какви конструкции на повеќе локации, но препорачливо е да се има една главна база каде би работеле на изградба не само на своја голема куќа туку и на цела скриена пиратска населба на пуст остров со свое пристаниште. Ова е доста инспиративно и за интересен за виртуелни архитектонски конструкции, кои гејмерите во повеќе игри со години уживаат сами да си ги уредуваат до неверојатни нивоа на креативност и детали. Иако има и голем фактор на копирање потези и планови во вид на темплејти за цели конструкции од YouTube водичи доброволно приложени од други гејмери кои повеќе се потрудиле да комплетираат градби. Но ако се случи да ви се преполни инвентарот сè што сте пропуштиле да земете во својот инвентар, а сте го добиле во дадена мисија или пиратска кампања на крајот од мисијата -ги добивате сите тие предмети и трудот на завршување на дадена авантура или победување непријатели за ресурси се исплатува и играта го цени вашето посветено време и напор од грајндање. Според најновите извештаи од Јутуберите кои ги гледаат интересите во графиконите на Steam ова Demo за играта Windrose досега има најбрзо растечка статистика од било кое поставено демо за игра на Steam воопшто -со тенденција за експоненцијален раст на заинтересираноста за играта. Датумот за излегувањето сè уште не е објавен, само е најавено дека играта доаѓа наскоро, но во меѓувреме може да го симнете и испробате Demo-то за играта Windrose на следниов линк. Демо кое за чудо и не е така кратко, но статистички е добродојдено кај гејмерите -затоа што по долго време се појавува вистински добро сработена игра со пирати која нуди многу забава.

Share this post: