TheNorthmacedoniaTime

Излезе новата експанзија за World of Warcraft насловена Midnight

2026-03-04 - 13:46

Штотуку излезе најновата експанзија за играта World of Warcraft насловена Midnight. И покрај многуте новитети најважен додаден е вдомувањето во играта, односно можноста да имате куќа во играта со имот што играчите индивидуално си го уредуват по свој вкус, каде може и да се дружите со пријатели во играта. За оваа експанзија и општо за самата игра имаме и претходни написи што може да ги прочитате овде. Што се однесува до другите претходно неспоменати новитети, системот за менување на скинови и изглед на ликовите наречен transmogrification или скратено transmog има нов кориснички интерфејс и отклучувањето скинови е полинеарно и многу полесно од пред тоа и охрабрено е правењето бледнови -комбинација од скинови од различни сетови или индивидуални парчиња оклопи и оружја. Што се однесува до Рејдовите што претставуваат Големи борби со голем број играчи (од 25 до 40 играчи) против неколку Главни Босеви -сега можат да се прават тотално соло со таква опција во играта исто така и со помали групи – но овојпат со имплементиран посебен систем за тоа во играта-се игра на олеснета тешкотија соло токму за да се искусат различни минати приказни од екстензивните разгранувања на теми во World of Warcraft. И кога сме кај рејдовите регуларниот начин и LFR уште е во оптег -Близард имплеметира нов систем каде можете посветло да обележите скилови за стискање-нешто што беше изводливо само со адони претходно. Ова е особено важно за Healer класите. Сите други улоги на најважните и најпопуларните адони се веќе имплеметирани во најновава верзија на играта. Во оваа експанзија во фокус се Елфите, иако преку Блоделф расата се води самата приказна овојпат Воид Елфите се повклучени во дејството иако претходно навистина им недостигаше повеќе позадина во вид приказна. Градот Силвермун е преработен и ќе биде главниот штаб на случувањата во експанзијата Миднајт. Исто така и островот Квел Данас има нова преработка. Оваа експанзија според приказната се смета за второ продолжение на „Сагата за Душата на Светот.“ (Second part of the WorldSoul Saga). Со експанзијата се додаде и нова раса во играта наречена Харанир. Кои потсетуваат истовремно и на диви луѓе -слични се и како Нави расата од филмовите Аватар но наликуваат и на шумски елфи и на женските ликови особено изгледаат слично на орките и најтелф истовремено. Машките ликови се добро сработени и потсетуваат на Најтелф расата, но се различни и конечно во играта има Раса што може да се игра и како класата Шаман, а изгледа многу подобро и похуманоидно од веќе можните раси за Шамани: Орките, Џуџињата, Троловите и Дранеи, Пандите како и крупните хуманоиди наречени „Кул Тиранци“ кои немаат некоја привлечна естетика баш за улогата на шаман херој. Ниедна од овие раси немаше досега изглед на млад јунак како во бајките -со расата Харанир конечно добиваме можност за играње „младич“ шаман со изглед како што треба и самите играчи да се чувстуваат похеројски наместо комично. Во следново видео има сè за новата раса Харанир во играта: Ако сте сосема нов играч на WoW сеуште важи правилото дека ако ја купите најновата експанзија -сите претходни експанзии ги добивате ретроактивно бесплатно. Стандарданата цена за експанзијата Миднајт е наречена Basic Edition и чини 49,99 евра-практично 50 евра, со што добивате бесплатен буст до левел 80 за сосема нов карактер, а левел капот во играта сега е качен на левел 90. Поскапите едиции на играта доаѓаат со екслузивни скинови и маунти Heroic Edition за 70 евра и Epic Edition за 90 евра. Мора да се напомене дека оваа игра нуди голема имерсија во самиот свет на играта -Светот на Воениот Занает -како што е најадекватниот превод на македонски јазик зa World of Warcraft. Ако имавте потешкотии да разберете дел од гејмерските термини -ви го препорачуваме следниот Водич за RPG термини во светот на игрите -каде сите фрази се детално објаснети на македонски јазик што точно значат и претставуваат во самите видеоигри.

Share this post: